Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Печатачот автоматски префрла на примање факсови кога бројот ѕвонења којшто сте го поставиле во Звон. за одг. е комплетиран.
Ви препорачуваме да го поставите Звон. за одг. на најмал можен број.
Печатачот со надворешен телефонски уред работи на следниов начин.
Ако вашиот телефонски уред е телефонска секретарка и кога одговара во рамки на бројот ѕвонења поставен во Звон. за одг.:
- Ако ѕвонењето е за факс: печатачот автоматски се префрла на примање факсови.
- Ако ѕвонењето е за гласовен повик: телефонската секретарка може да прима гласовни повици и да снима гласовни пораки.
Кога ќе ја кренете слушалката во рамки на бројот ѕвонења поставени во Звон. за одг.:
- Ако ѕвонењето е за факс: може да го примите факсот користејќи ги истите чекори како за Рачно.
- Ако ѕвонењето е за гласовен повик: може да одговорите на телефонскиот повик како и вообичаено.
Кога печатачот автоматски се префрла на примање факсови:
- Ако ѕвонењето е за факс: печатачот започнува да прима факсови.
- Ако ѕвонењето е за гласовен повик: не може да одговорите на телефонскиот повик. Побарајте од другото лице да ви се јави.
Одредете ја поставката за Звон. за одг. на печатачот на поголем број отколку бројот на ѕвонења за телефонската секретарка. Во спротивно, телефонската секретарка нема да може да прима гласовни повици за да снима гласовни пораки. За детали околу поставувањето на телефонската секретарка, видете во прирачникот испорачан со телефонската секретарка.