/ Решавање проблеми / Не може да правите мрежни поставки

Не може да правите мрежни поставки

  • Исклучете ги уредите коишто сакате да ги поврзете на мрежата. Почекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите во следниов редослед: безжичен насочувач, компјутер или паметен уред и потоа печатачот. Поместете ги печатачот и компјутерот или паметниот уред поблиску до безжичниот насочувач за да ја олесните комуникацијата со радиобранови, а потоа обидете се повторно да ги одредите мрежните поставки.

  • Изберете Поставки > Мрежни поставки > Проверка на врската и отпечатете го извештајот за мрежна врска. Ако настанала грешка, проверете го извештајот за мрежна врска и следете ги отпечатените решенија.