Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Овој метод ви овозможува да го поврзете печатачот директно со уредот со Android без безжичен насочувач. За да ја користите функцијава, потребно е да бидат исполнети следниве услови.
Android 4.4 или понова верзија
Epson iPrint 7.0 или понова верзија
Epson iPrint се користи за печатење од паметен уред. Инсталирајте ја Epson iPrint на паметниот уред однапред.
Потребно е само еднаш да ги одредите овие поставки за печатачот и за паметниот уред што сакате да го поврзете. Нема да треба повторно да ги одредувате овие поставки, освен ако оневозможите Wi-Fi Direct или ако ги вратите мрежните поставки на стандардните.
Изберете Wi-Fi поставување од почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.

Изберете Wi-Fi Direct.
Проверете ја пораката, а потоа притиснете го копчето ОК за да продолжите.
Проверете ја пораката, а потоа притиснете го копчето ОК за да продолжите.
Изберете Android.

На паметниот уред, стартувајте Epson iPrint.

На екранот на Epson iPrint, допрете Printer is not selected.
Изберете го печатачот со којшто сакате да се поврзете.

За да го изберете печатачот, погледнете ги информациите прикажани на контролната табла на печатачот.

Во зависност од уредот со Android, печатачите може да не се прикажуваат. Ако печатачите не се прикажуваат, поврзете се со избирање Други OS уреди. За да се поврзете, видете „Поврзани информации“ подолу.
Кога ќе се прикаже екранот за одобрување на поврзувањето на уредот, изберете Одобри.
Притиснете го копчето OK на контролната табла на печатачот.
За паметни уреди што биле претходно поврзани со печатачот, изберете го името на мрежата (SSID) на Wi-Fi екранот на паметниот уред за да ги поврзете повторно.