Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Прочитајте ги и следете ги овие упатства за безбедно користење на печатачот.Чувајте го прирачников за проверки во иднина.Внимавајте и да ги следите сите предупредувања и упатства означени на печатачот.
Некои од симболите што се користат на вашиот печатач служат за осигурување безбедност и правилно користење на печатачот. Посетете ја следната веб-страница за да го научите значењето на симболите.
Користете го само струјниот кабел доставен заедно со печатачот и не користете го кабелот со друга опрема. Користењето други кабли со овој печатач или користењето на доставениот струен кабел со друга опрема може да доведе до пожар или струен удар.
Проверете дали вашиот кабел за наизменична струја ги исполнува соодветните локални стандарди за безбедност.
Никогаш сами не расклопувајте ги, не менувајте ги или не обидувајте се да ги поправите кабелот, приклучокот, печатачот, скенерот или другите опции, освен како што е конкретно објаснето во упатствата за печатачот.
Исклучете го печатачот од струја и побарајте помош од стручни лица за сервисирање во следниве ситуации:
Кабелот за струја или приклучокот е оштетен, во печатачот влегла течност; печатачот паднал или куќиштето е оштетено, печатачот не работи нормално или покажува значителна промена во работата. Не приспособувајте контроли што не се опфатени со упатствата за ракување.
Ставете го печатачот блиску до ѕидниот штекер од кој може лесно да се исклучи.
Не поставувајте го и не складирајте го печатачот надвор, во близина на прекумерна нечистотија или прашина, извори на топлина, или на места што се подложни на електрични удари, вибрации, висока температура или влажност.
Внимавајте да не истурите течност на печатачот и не ракувајте со печатачот со влажни раце.
Чувајте го печатачот на растојание од најмалку 22 cm од електростимулатори на срцето. Радиобрановите од овој печатач можат негативно да се одразат врз работата на електростимулаторите на срцето.
Контактирајте со вашиот добавувач ако се оштети ЛЦД-екранот. Ако ги натопените рацете со растворот од течен кристал, темелно исплакнете ги со сапун и вода. Ако растворот од течен кристал ви влезе во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Ако по темелното плакнење имате непријатно чувство или проблеми со видот, веднаш одете на лекар.
Избегнувајте да употребувате телефон за време на електрична бура. Постои мала опасност од струен удар од грмотевица.
Не користете телефон за да пријавите истекување на гас во близина на истекувањето.