/ Решавање проблеми / Не можам да печатам од компјутер / Проверување на поврзувањето (мрежа)

Проверување на поврзувањето (мрежа)

  • Кога ќе ги промените безжичниот насочувач или давателот на услуги, обидете се повторно да ги одредите мрежните поставки за печатачот. Поврзете го компјутерот или паметниот уред на истата SSID на којашто е поврзан и печатачот.

  • Исклучете ги уредите коишто сакате да ги поврзете на мрежата. Почекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите во следниов редослед: безжичен насочувач, компјутер или паметен уред и потоа печатачот. Поместете ги печатачот и компјутерот или паметниот уред поблиску до безжичниот пренасочувач за да ја олесните комуникацијата со радиобранови, а потоа обидете се повторно да ги одредите мрежните поставки.

  • Отпечатете го извештајот за мрежната врска. Видете го линкот со поврзани информации подолу за повеќе информации. Ако извештајот покаже дека мрежната врска е неуспешна, проверете го извештајот за мрежна врска и следете ги отпечатените решенија.

  • Ако IP-адресата одредена за печатачот е 169.254.XXX.XXX и маската на подмрежа е 255.255.0.0, IP-адресата може да не биде правилно одредена. Рестартирајте го безжичниот насочувач или ресетирајте ги мрежните поставки за печатачот. Ако со ова не се решава проблемот, погледнете ја документацијата за безжичниот насочувач.

  • Обидете се да ја отворите која било веб-локација од вашиот компјутер за да се уверите дека мрежните поставки на компјутерот се точни. Ако не може да отворите веб-локација, има проблем со компјутерот. Проверете ја мрежната врска на компјутерот.