Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Операциите може да се разликуваат, зависно од апликацијата. Погледнете во помошта на апликацијата за детали.
Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.
Внесете хартија во печатачот ако не сте ја внеле.
Изберете Печатење или Поставување на страница од менито Датотека.
Изберете го својот печатач.
Изберете Претпочитани вредности или Својства за да пристапите до прозорецот од двигателот за печатачот.

Променете ги поставките ако е потребно.
Погледнете ги опциите за мени за двигателот на печатач за детали.
Видете и во електронската помош за објаснување на ставките за поставување. Со кликнување на десното копче на ставката се прикажува Помош.
Кога ќе изберете Преглед за печатење, може да видите преглед на документот пред печатење.
Кликнете OK за да го затворите прозорецот на двигателот на печатачот.
Кликнете на Печати.
Кога ќе изберете Преглед за печатење, се прикажува прозорец за преглед. За да ги промените поставките, кликнете на Откажи и повторете ја постапката од чекор 2.