/ Печатење / Печатење од паметни уреди / Користење Epson Print Enabler

Користење Epson Print Enabler

Може безжично да печатите документи, е-пораки, фотографии и веб-страници од вашиот телефон со Android или таблет (Android v4.4 или понова верзија). Со неколку допирања, вашиот уред со Android ќе го открие печатачот Epson којшто е поврзан на истата безжична мрежа.

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.

  1. Ставете хартија во печатачот.

  2. Поставете го печатачот за безжично печатење.

  3. На вашиот уред со Android, инсталирајте го приклучокот Epson Print Enabler од Google Play.

  4. Поврзете го уредот со Android на истата безжична мрежа на којашто е поврзан печатачот.

  5. Одете на Поставки на вашиот уред со Android, изберете Поврзани уреди > Печатење и овозможете го Epson Print Enabler.

  6. Од апликација за Android, како на пример Chrome, допрете на иконата за менито и отпечатете го она што го гледате на екранот.

    Белешка:

    Ако не го гледате печатачот, допрете Сите печатачи и изберете го печатачот.