На LCD-екранот се прикажува код ако има грешка или информација на коишто треба да обрнете внимание. Ако се прикажува код, следете ги решенијата подолу за да го решите проблемот.
|
Код |
Ситуација |
Решенија |
|---|---|---|
|
E-01 |
Се појави грешка на печатачот. |
Отворете го скенерот и извадете ја хартијата или заштитниот материјал од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето. |
|
E-02 |
Се појави грешка на скенерот. |
Исклучете го, па вклучете го напојувањето. |
|
E-12 |
Треба да се замени перниче за мастило за печатење без рамки. |
Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамка*. Не е дел што може да го замени корисникот. Не е достапно печатење без рамки, но достапно е печатење со рамки. |
|
W-01 |
Хартијата е заглавена. |
За да ја отстраните грешката, извадете ја хартијата од печатачот и притиснете го копчето прикажано во долниот дел на LCD-екранот. Во некои случаи, треба да го исклучите па да го вклучите напојувањето. |
|
W-12 |
Касетите со мастило се неправилно вградени. |
Цврсто поставете ја касетата со мастило надолу. |
|
W-13 |
Касетата со мастило прикажана на LCD-екранот не е препознаена. |
Заменете ја касетата за мастило. Epson препорачува употреба на оригинални касети за мастило на Epson. |
|
W-14 |
Перничето за мастило за печатење без рамки се приближува до крајот на работниот век. |
Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамка*. Не е дел што може да го замени корисникот. Пораката ќе се прикажува додека не се замени перничето за мастило. Притиснете го копчето |
|
I-22 |
Поставете Wi-Fi од Копче за притискање (WPS). |
Притиснете го копчето на точката за пристап. Ако нема копче на точката за пристап, отворете го прозорецот за поставки на точката за пристап и кликнете го копчето прикажано во софтверот. |
|
I-23 |
Поставете Wi-Fi од PIN-код (WPS). |
Внесете го PIN кодот прикажан на LCD-екранот во точката на пристап или компјутерот во рок од две минути. |
|
I-31 |
Поставете Wi-Fi од Wi-Fi авто. поврз.. |
Инсталирајте го софтверот на компјутерот и притиснете го копчето OK кога ќе започне поставувањето на Wi-Fi. |
|
I-41 |
Ав. при. на пос. хар. е оневозможено. Некои функции не може да се користат. |
Ако Ав. при. на пос. хар. е оневозможена, не може да користите AirPrint. |
|
I-60 |
Компјутерот може да не поддржува WSD (веб-услуги за уреди). |
Функцијата за скенирање на компјутер (WSD) е достапна само за компјутерите на коишто се инсталирани англиски верзии на Windows 10, Windows 8.1, Windows 8, Windows 7 или Windows Vista. Уверете се дека печатачот е правилно поврзан со компјутерот. |
|
Recovery Mode |
Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа. |
Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот. 1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не можете да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.) 2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson. |
* Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило на перничето за мастило. За да се спречи протекување мастило од перничето, печатачот е конструиран да го прекине печатењето кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку е често ќе биде потребно ова ќе зависи од бројот на отпечатени страници со помош на опцијата за печатење без рамка. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот ќе престане да работи во согласност со неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето и тоа треба да го направи овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.