Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени:
Поставки > Поставки на факс > Поставки за прием
|
Ставка |
Опис |
|---|---|
|
Зач. во компј. |
Ги зачувува примените факсови како PDF-датотеки на компјутер поврзан со печатачот. Ова може да го поставите на Да користејќи само FAX Utility. Однапред инсталирајте ја FAX Utility на компјутерот. Откако ќе го поставите на Да, може да го смените во Да и печати. |
|
Авто. намал. |
Ги печати примените факсови со големи документи намалени да одговараат на хартијата во изворот на хартија. Намалувањето не е секогаш можно и зависи од примените податоци. Доколку ова е исклучено, големите документи ќе се печатат во нивната изворна големина на повеќе листови, но може да се исфрли празна втора страница. |
|
Пос. за под. стр. |
Ги печати примените факсови со поделба на страници кога големината на примените документи е поголема од големината на внесената хартија во печатачот. |
|
Авто. ротација |
Ги ротира примените факсови како документи со големина A5 во ориентација пејзаж, за да се отпечатат на хартија со големина A5. Оваа поставка се применува кога големината A5 е поставена во Поставки > Поставување на печатачот > Пост. за изв. хар. > Поставка на хартија > Големина на хартија. Ако изберете Исклучено, факсовите примени со големина A5 во ориентација пејзаж, а со иста ширина како документите со големина A4 во ориентација портрет, се печатат како факсови со големина A4. |
|
Додади информација за прием |
Ја печати информацијата за прием во примениот факс, дури и кога испраќачот не поставил информации во заглавието. Информациите за прием вклучуваат датум и време на приемот, идентификациски број на испраќачот и број на страницата (како на пример „P1“). Кога Пос. за под. стр. е овозможено, вклучен е и бројот на страницата за поделба. |
|
2-страно |
Печати повеќе страници од примените факсови на двете страни на хартијата. |
|
Вре. за поч. на печ. |
Изберете опции за почетокот на печатењето на примените факсови.
|
|
Сортирани листови |
Бидејќи првата страница се печати последна (излегува најгоре), печатените документи се редат со правилниот распоред на страниците. Кога меморијата на печатачот е скоро полна, оваа опција може да биде недостапна. |
|
Вре. за сус. на печ. |
Во текот на временскиот период што сте го одредиле од Вр. за стоп. до Рестартирај, печатачот ги зачувува примените документи во својата меморија, без да ги печати. Оваа опција може да се користи за спречување бучава навечер или за да се спречи откривање доверливи документи додека сте отсутни. Пред да ја користите оваа функција, уверете се дека има доволно слободна меморија. Кога ќе го поставите ова на Исклучено, може да ги отпечатите примените документи дури и пред времето за рестартирање. |
|
Тивок режим |
Ја намалува бучавата којашто ја прави печатачот при печатењето на факсовите, меѓутоа брзината на печатењето може да се намали. |