/ Основни информации за печатачот / Имиња и функции на деловите

Имиња и функции на деловите

Капак за ADF (Автоматски внесувач на документи)

Отворете кога отстранувате заглавени оригинали во ADF.

Влезна фиока за ADF

Ги внесува оригиналите автоматски.

ADF-граничник

Ги внесува оригиналите директно во печатачот. Повлечете до рабовите на оригиналите.

Држач за ADF-документи

Ги држи оригиналите.

Излезна фиока за ADF

Ги држи оригиналите исфрлени од ADF.

Заден внесувач на хартија

Внесува хартија.

Држач за хартија

Ја држи ставената хартија.

Граничник

Ја внесува хартијата директно во печатачот. Повлечете до рабовите на хартијата.

Излезна фиока

Ја држи исфрлената хартија.

Сопирач

Спречува отпечатениот материјал да испадне од излезната фиока.

Капак за документи

Ја блокира надворешната светлина кога се скенира.

Стакло на скенерот

Поставете ги оригиналите.

Контролна табла

Го покажува статусот на печатачот и овозможува да ги одредите поставките за печатење.

Држач на единица за скенер

Ја држи единицата за скенерот.

Скенер

Ги скенира поставените оригинали. Се отвора кога се заменуваат касети со мастило или кога се вади заглавена хартија во печатачот.

Држач на касетата со мастило

Инсталирајте ги касетите со мастило. Мастилото се исфрла од прскалките на главата за печатење.

Капак на кутијата за одржување

Извадете го кога ја заменувате кутијата за одржување. Кутијата за одржување е сад во којшто се собира многу мало количество на вишок мастило за време на чистење или печатење.

Заден капак

Извадете го кога вадите заглавена хартија.

Влез за наизменична струја

Го поврзува кабелот за напојување.

EXT-порта

Поврзува надворешни телефонски уреди.

LINE-порта

Поврзува телефонска линија.

USB-порта

Поврзува USB-кабел за поврзување со компјутер.