Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Може да поставите Wi-Fi мрежа со внесување на информациите потребни за поврзување со безжичен насочувач од контролната табла на печатачот. За да извршите поставување со овој метод, ќе ви требаат SSID и лозинка за безжичен насочувач.
Ако користите безжичен насочувач со неговите стандардни поставки, SSID и лозинката се запишани на етикетата. Ако не ги знаете SSID и лозинката, контактирајте со лицето што го поставило безжичниот насочувач или проверете ја документацијата приложена со безжичниот насочувач.

Изберете Wi-Fi поставување од почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Wi-Fi (Препорачано).
Притиснете го копчето OK за да продолжите.
Изберете Волшебник за пост. на Wi-Fi врска.
Изберете SSID за безжичниот насочувач од контролната табла на печатачот, а потоа притиснете го копчето OK.
Ако SSID со којашто сакате да се поврзете не е прикажана на контролната табла на печатачот, притиснете го копчето
за да го ажурирате списокот. Ако и понатаму не е прикажана, изберете Други SSID и директно внесете ја SSID.
Ако не ја знаете SSID, проверете дали е запишана на етикетата на безжичниот насочувач. Ако го користите безжичниот насочувач со неговите стандардни поставки, користете ја SSID запишана на етикетата.
Внесете ја лозинката.
Изберете дали да се отпечати извештај за мрежната врска откако ќе ги одредите поставките.
Лозинката разликува големи и мали букви.
Ако не го знаете името на мрежата (SSID), проверете дали се запишани информации на етикетата на безжичниот насочувач. Ако го користите безжичниот насочувач со неговите стандардни поставки, користете ја SSID на етикетата. Ако не можете да најдете информации, погледнете ја документацијата испорачана со безжичниот насочувач.
Кога ќе завршите со поставувањето, притиснете го копчето
.
Ако не успеете да се поврзете, внесете хартија и притиснете го копчето
за да отпечатите извештај за мрежната врска.