Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Проверете дали е онеспособено филтрирање на MAC адресата. Ако е оспособено, регистрирајте ја MAC адресата на печатачот за да не се филтрира. Погледнете ја документацијата доставена со безжичниот насочувач за детали. Може да ја проверите MAC адресата на печатачот од делот Network Status на извештајот за мрежна врска.
Ако вашиот безжичен насочувач користи споделена автентикација со WEP безбедност, проверете дали клучот за автентикација и индексот се точни.
Ако бројот на уреди што може да се поврзат на безжичниот насочувач е помал од бројот на мрежните уреди што сакате да ги поврзете, направете поставки на безжичниот насочувач за да се зголеми бројот на уреди што може да се поврзат. Погледнете ја документацијата доставена со безжичниот насочувач за да направите поставки.