На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени:
Поставки > Поставки на факс > Осн поставки
|
Ставка |
Опис |
|---|---|
|
Брзина на факс |
Ја избира брзината за пренос на факс. Препорачуваме да изберете Бавно (9,600bps) ако често се случува грешка при комуникацијата, кога испраќате/примате факс во/од странство или кога користите телефонска (говорна) услуга преку интернет-протокол [IP (VoIP)]. |
|
ECM |
Автоматски поправа грешки при пренос на факс (Режим на поправање грешки), најчесто предизвикани од шумот на телефонската линија. Доколку е оневозможена оваа опција, не ќе можете да испраќате или примате документи во боја. |
|
Откр. тон за бирање |
Открива тонско бирање пред да се започне со бирање. Ако печатачот е поврзан со PBX (приватна телефонска централа) или дигитална телефонска линија, печатачот не ќе може да започне со бирање. Во оваа ситуација, променете ја поставката за Тип линија на PBX. Ако ова не функционира, исклучете ја оваа опција. Меѓутоа, исклучувањето на оваа опција може да предизвика испуштање на првата бројка при бирањето на бројот за факс и на тој начин факсот да се испрати на погрешен број. |
|
Режим на бирање |
Изберете го видот на телефонскиот систем на кој сте го поврзале печатачот. Кога е поставен на Пулсно, привремено може да го промените начинот на бирање од пулсно на тонско со притискање на |
|
Тип линија |
Изберете го типот на линија на која сте го поврзале печатачот. Кога го користите печатачот во средина што користи локали и бара код за надворешен пристап, како на пример 0 и 9, за да добиете надворешна линија, изберете PBX и регистрирајте го кодот за пристап. Откако ќе го регистрирате кодот за пристап, внесете # (тараба) наместо кодот за пристап кога испраќате факс на надворешен број на факс. За средина што користи DSL-модем или адаптер со терминали, се препорачува и поставување на PBX. Не може да испраќате факсови до примачи во Контакти каде што е поставен код за надворешен пристап, како на пр. 0 или 9. Ако сте додале примачи во Контакти користејќи код за надворешен пристап, како на пр. 0 или 9, поставете го кодот за пристап на Не употр.. Во спротивно, мора да го промените кодот во # во Контакти. |
|
Заглавие |
Внесете го името на испраќачот и бројот на факсот. Тоа се појавува како заглавие на излезните факсови.
|
|
Режим за прием |
Изберете режим за прием. За детали, видете ги поврзаните информации подолу. |
|
DRD |
Доколку сте се претплатиле за услуга со повеќе линии со различни звуци на ѕвонење во вашата телефонска компанија, изберете го моделот на ѕвонење што ќе се користи за дојдовни факсови. Услугата за различни звуци на повеќе телефонски линии, којашто ја нудат многу телефонски компании (името на услугата се разликува според компанијата), ви овозможува да имате неколку телефонски броеви на една телефонска линија. Секој број си има сопствен назначен звук на ѕвонење. Може да користите еден број за гласовни повици, а друг број за факсови. Во зависност од регионот, оваа опција може да биде Вклучено или Исклучено. |
|
Звон. за одг. |
Изберете колку пати треба да заѕвони пред печатачот автоматски да прими факс. |
|
Далечин. примање |
Кога одговарате на дојдовен повик за факс на телефон поврзан со печатач, можете да започнете со примање на факсот ако го внесете кодот што го користи телефонот. За да го поставите или смените стартниот код, поставете Далечин. примање на Вклучено и внесете два знака користејќи 0–9, *, #. |
|
Одбивање факс |
|