/ Решавање проблеми / Не може да почне скенирање

Не може да почне скенирање

  • Ако скенирате со ADF, проверете дали капакот за документи и капакот на ADF се затворени.

  • Цврсто поврзете го USB кабелот со печатачот и компјутерот. Ако користите USB-разделник, обидете се да го поврзете печатачот директно со компјутерот.

  • Ако скенирате со висока резолуција преку мрежа, може да се појави комуникациска грешка. Намалете ја резолуцијата.

  • Проверете дали сте го избрале правилниот печатач (скенер) во Epson Scan 2.

Проверете дали уредот го препознава печатачот или не кога користите Windows

Во Windows, проверете дали печатачот (скенерот) е прикажан во Скенер и фотоапарат. Печатачот (скенерот) треба да биде прикажан како „EPSON XXXXX (име на печатачот)“. Ако печатачот (скенерот) не е прикажан, деинсталирајте го и повторно инсталирајте го Epson Scan 2. Погледнете го следново за да пристапите до Скенер и фотоапарат.

  • Windows 10

    Кликнете на копчето за стартување и изберете Систем на Windows > Контролна табла, внесете „Скенер и фотоапарат“ во полето за пребарување, кликнете Погледни ги скенерите и фотоапаратите, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.

  • Windows 8.1/Windows 8/Windows Server 2012 R2/Windows Server 2012

    Изберете Работна површина > Поставувања > Контролна табла, внесете „Скенер и фотоапарат“ во полето за пребарување, кликнете Прикажи го скенерот и фотоапаратот, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.

  • Windows 7/Windows Server 2008 R2

    Кликнете на копчето за стартување и изберете Контролна табла, внесете „Скенер и фотоапарат“ во полето за пребарување, кликнете Погледни ги скенерите и фотоапаратите, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.

  • Windows Vista/Windows Server 2008

    Кликнете на копчето за стартување, изберете Контролна табла > Хардвер и звук > Скенери и фотоапарати, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.

  • Windows XP/Windows Server 2003 R2/Windows Server 2003

    Кликнете на копчето за стартување, изберете Контролна табла > Печатачи и друг хардвер > Скенери и фотоапарати, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.