/ За овој прирачник / Вовед во прирачниците

Вовед во прирачниците

Следниве прирачници доаѓаат со вашиот печатач Epson. Покрај прирачниците, погледнете ги различните типови информации за помош што се достапни од самиот печатач или од софтверските апликации на Epson.

  • Почнете оттука (хартиен прирачник)

    Содржи информации за поставување на печатачот, инсталирање на софтверот, користење на печатачот, решавање проблеми и сл.

  • Упатство за корисникот (дигитален прирачник)

    Овој прирачник. Се дадени сеопфатни информации и упатства за користење на печатачот, за мрежните поставки кога го користите печатачот на мрежа и за решавање на проблеми.

Може да ги добиете последните верзии на гореспоменатите прирачници на следниве начини.

  • Хартиен прирачник

    Посетете ја интернет страницата за поддршка на Epson за Европа на http://www.epson.eu/Support или интернет страницата за поддршка на Epson ширум светот на http://support.epson.net/.

  • Дигитален прирачник

    Вклучете EPSON Software Updater на вашиот компјутер. EPSON Software Updater проверува за достапни ажурирања на софтверските апликации на Epson и дигиталните прирачници и ви овозможува да ги преземете најновите.