Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Ако производот на Epson не работи правилно и не може да го решите проблемот преку информациите за решавање на проблемите во прирачниците за производот, контактирајте со службите за поддршка на Epson за помош. Ако подолу не е наведена поддршка на Epson, контактирајте со добавувачот од каде што сте го набавиле вашиот производ.
Поддршката на Epson ќе може да ви помогне многу повеќе ако им ги дадете следниве информации:
Сериски број на производот
(Етикетата со серискиот број вообичаено се наоѓа на задната страна на производот.)
Модел на производот
Верзија на софтверот на производот
(Кликнете За, Информации за верзијата или слично копче во софтверот на производот.)
Марка и модел на вашиот компјутер
Име и верзија на оперативниот систем на вашиот компјутер
Имиња и верзии на софтверските апликации кои вообичаено ги користите со вашиот производ
Зависно од производот, во меморијата на производот може да се сочувани податоците на листата за бирање за факс и/или мрежни поставки. При дефект или поправање на производот, податоците и/или поставките може да се изгубат. Epson не одговара за губење податоци, за правење резервни копии или спасување податоци и/или поставки дури и во гарантниот период. Препорачуваме самите да си направите резервна копија на податоците или да ги запишете.