Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Кога нивото на црното мастило се намалува, а има доволно мастило во боја, можете да користите мешавина од бои за да ја создадете црната. Можете да продолжите со печатење додека ја подготвувате касетата со црно мастило за замена.
Оваа опција е достапна само кога ќе го изберете следново поставување во двигателот за печатачот.
Вид хартија: обични хартии
Квалитет: Стандардно
EPSON Status Monitor 3: Овозможено
Ако EPSON Status Monitor 3 е оневозможено, пристапете до двигателот за печатачот, кликнете Проширени поставки на картичката Одржување, а потоа изберете Вклучи EPSON Status Monitor 3.
Создадената црна боја изгледа малку поразлично од чистата црна. Исто така, намалена е и брзината на печатењето.
За да се одржи квалитетот на главата за печатење, се користи и црно мастило.

|
Опции |
Опис |
|---|---|
|
Да |
Изберете за да користите мешавина на мастила во боја за да добиете црна. Овој прозорец се прикажува следниот пат кога печатите нешто слично. |
|
Не |
Изберете да продолжите со користење на преостанатото црно мастило. Овој прозорец се прикажува следниот пат кога печатите нешто слично. |
|
Оневозможи ја оваа функција |
Изберете да продолжите со користење на преостанатото црно мастило. Овој прозорец не се прикажува додека не ја замените касетата со црно мастило и таа не се испразни повторно. |