Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Кога ги користите печатачот и телефонот на една телефонска линија, поврзете го телефонот на печатачот.
Ако телефонот има функција за факс, исклучете ја функцијата пред поврзувањето. Погледнете во упатствата приложени заедно со телефонот за повеќе информации.
Ако поврзувате телефонска секретарка, уверете се дека поставката на печатачот Звон. за одг. е ставена на повисоко отколку бројот на ѕвонења на кои е поставена вашата телефонска секретарка да одговори на повик.
Извадете го капачето од портата EXT. на задната страна од печатачот.

Поврзете ги телефонот и портата EXT. со телефонски кабел.

Кога се дели една телефонска линија, уверете се дека го поврзувате телефонот на портата EXT. од печатачот. Ако ја поделите линијата за одделно поврзување на телефонот и печатачот, телефонот и печатачот нема да работат правилно.
Изберете Факс од почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Земете ја слушалката.
Врската е воспоставена кога на екранот ќе се прикаже пораката да притиснете
за да се започне со испраќање или примање факс.
