Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
|
Безбедност |
UL60950-1 CAN/CSA-C22.2 No.60950-1 |
|
EMC |
FCC Part 15 Subpart B Class B CAN/CSA-CEI/IEC CISPR 22 Class B |
Опремата го содржи следниов безжичен модул.
Производител: Seiko Epson Corporation
Тип: J26H006
Производот е во согласност со Дел 15 од правилата на FCC и RSS-210 од правилата на IC. Epson не презема одговорност за незадоволување на барањата за заштита што произлегува од непрепорачана модификација на производот. Работата зависи од следниве два услова: (1) уредот не смее да предизвикува штетни пречки, и (2) уредот мора да ги прифати сите примени пречки, вклучувајќи пречки што може да предизвикаат несакано работење на уредот.
За да се спречат радиопречки на лиценцираната услуга, уредот е наменет за внатрешна употреба и подалеку од прозорци за да се обезбеди максимална заштита. Опремата (или нејзината предавателна антена) која е поставена надвор подлежи на лиценцирање.
Оваа опрема соодветствува со ограничувањата за изложеност на радијација на FCC/IC одредени за неконтролирана средина и соодветствува со Упатствата за изложеност на радиофрекфенција (RF) на FCC во Додатокот C до OET65 и RSS-102 на Правилата за изложеност на радиофрекфенција (RF) на IC. Оваа опрема треба да се инсталира и со неа да се ракува така што радијаторот да биде одалечен најмалку 7,9 инчи (20 cm) или повеќе од телото на лицето (со исклучок на екстремитети: раце, рачни зглобови, стопала и ножни зглобови).