Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Може да испраќате факсови како еден документ, со нивните првобитни големини, ако ги испраќате ставајќи ги оригиналите еден по еден или ставајќи ги оригиналите според големина.
Ако ставите оригинали со различна големина во ADF, сите оригинали ќе бидат испратени во најголемата големина. За да испраќате оригинали со нивните првобитни големини, не ставајте оригинали со мешани големини.
Ставете ја првата серија оригинали со иста големина.
Изберете Факс на почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Назначете го примачот.
Притиснете го копчето OK, а потоа изберете Пост. за скен..
Изберете Континуир. скен.(ADF), а потоа изберете Вкл..
По потреба, може и да одредувате поставки како што се резолуцијата и методот на испраќање во Пост. за скен. или П. за испр. факс.
Притиснете го копчето
за да се вратите на екранот Факс, а потоа притиснете го копчето
.
Кога скенирањето на првите оригинали ќе заврши и кога на контролната табла ќе се прикаже пораката Испрати друга страница?, изберете Да, ставете ги следните оригинали, а потоа притиснете го копчето
.
Ако не го допрете печатачот во рок од 20 секунди откако ќе побара ставање на следните оригинали, печатачот ќе запре со зачувување и ќе започне со испраќање на документот.
Кога ќе завршите со испраќање, извадете ги оригиналите.