/ Решавање проблеми / Проблеми при испраќање и примање факсови / Се случува грешка поради полна меморија

Се случува грешка поради полна меморија

  • Доколку печатачот е поставен да ги зачувува примените факсови на компјутер, вклучете го компјутерот што е поставен да ги зачувува факсовите. Откако факсовите ќе се зачуваат на компјутерот, тие се бришат од меморијата на печатачот.

  • Дури и кога е полна меморијата можете да испраќате факсови во црно-бело со помош на опцијата Дир. испраќање. Или разделете ги оригиналите на два или повеќе за да ги испратите во неколку серии.

  • Ако печатачот не може да отпечати примен факс поради грешка на печатачот, како заглавена хартија, може да се јави грешка за полна меморија. Решете го проблемот со печатачот, па контактирајте со испраќачот за да го замолите да го испрати факсот повторно.