/ Решавање проблеми / Проблеми со отпечатеното / Квалитетот на печатење е слаб

Квалитетот на печатење е слаб

Проверете го следново ако квалитетот на печатењето е слаб поради матни отпечатоци, ленти, бои што недостигаат, избледени бои, непорамнетост на отпечатоците.

Проверување на печатачот
  • Извршете проверка на прскалките, па исчистете ја главата за печатење ако некоја од прскалките е затната.

  • Порамнете ја главата за печатење.

Проверување на хартија
  • Користете хартија поддржана од печатачот.

  • Не печатете на влажна, оштетена или стара хартија.

  • Ако хартијата е извиткана или пликовите се надуени, исправете ги.

  • Не ставајте ја хартијата на купче веднаш по печатењето.

  • Исушете ги отпечатоците целосно пред да ги архивирате или прикажете. Кога ги сушите отпечатоците, избегнувајте директна сончева светлина, не користете фен и не допирајте ја испечатената страна на хартијата.

  • Кога печатите слики или фотографии, Epson препорачува користење на оригинална хартија Epson наместо обична хартија. Печатете на страната за печатење на оригиналната хартија Epson.

Проверување на поставките за печатење
  • Изберете соодветна поставка за тип на хартија за типот на хартија ставена во печатачот.

  • Печатете користејќи поставка за подобар квалитет.

Проверка на касетата за мастило
  • Epson препорачува касетата за мастило да се употреби пред датумот означен на амбалажата.

  • За најдобри резултати, употребете ги касетите за мастило најдоцна шест месеци по отворањето.

  • Користете оригинални касети за мастило на Epson. Овој производ е направен да ги приспособува боите врз основа на користењето на оригинални касети за мастило на Epson. Користењето на неоригинални касети за мастило може да го намали квалитетот на печатење.