Расположливите менија се разликуваат во зависност од изгледот што се го избрале.
Внесете го бројот на копии.
Копира оригинал во боја.
Копира оригинал во црно-бело (монохроматски).
1>еднострано
Копира една страна од оригиналот на една страна од хартијата.
1>2-страно
Копира два еднострани оригинали на двете страни од еден лист хартија. Изберете ориентација на оригиналот и позиција за врзување на хартијата.
Зголемете го нивото на густина кога резултатите од копирањето се бледи. Намалете го нивото на густина кога мастилото се размачкува.
Поставете ги големината и типот на хартијата што ја ставивте во печатачот.
Ги зголемува или ги намалува оригиналите.
Реална големина
Копира со зголемување од 100%.
Автоматско приспособување
Ја детектира областа за скенирање и автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на големината на избраната хартија. Кога има бели маргини околу оригиналот, белите маргини од ознаката на аголот на стакло на скенерот се забележани како област за скенирање, но маргините на спротивната страна може да се отсечат.

Приспособено
Изберете за да го одредите зголемувањето, за да го зголемите или намалите оригиналот.
Го означува употребеното зголемување за да го зголемите или за да го намалите оригиналот во рамки на опсег од 25 до 400%.
Изберете ја големината на оригиналот. Кога копирате оригинали со нестандардна големина, изберете ја големината којашто најмногу одговара на оригиналот.
Ед. ст.
Копира едностран оригинал на еден лист.
2 наго.
Копира два еднострани оригинали на еден лист со двостран изглед. Изберете го редоследот на изгледот и ориентацијата на оригиналот.
Изберете го квалитетот на печатење. Нацрт овозможува побрзо печатење, но отпечатениот материјал може да биде блед. Најдобар овозможува печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да биде помала.
За корисниците во Западна Европа не е достапен режим на нацрт.
Ги скенира двете страни од личната карта и копира еднострано на хартија со големина A4.
Копира без маргини околу рабовите. Сликата се зголемува малку за да се отстранат маргините од рабовите на хартијата. Изберете колку да се зголеми сликата во поставката Проширување.
Со копирањето без рамка, сликата се зголемува малку за да се отстранат рамките од рабовите на хартијата. Изберете колку да се зголеми сликата.