/ Мрежна услуга и информации за софтвер / Апликација за испраќање на факсови (PC-FAX двигател)

Апликација за испраќање на факсови (PC-FAX двигател)

Двигателот за PC-FAX е апликација што ви овозможува да испраќате документ создаден на друга апликација како факс директно од компјутерот.Двигателот PC-FAX се инсталира кога ќе ја инсталирате FAX Utility.Погледнете во помошта на апликацијата за детали.

Белешка:
  • Оперативните системи Windows Server не се поддржани.

  • Работењето се разликува во зависност од користената апликација за создавање на документот.Погледнете во помошта на апликацијата за детали.

Пристап од Windows

Во апликацијата, изберете Печати или Поставувања за печатење во менито Датотека.Изберете го печатачот (факсот), а потоа кликнете Претпочитани вредности или Својства.

Пристап од Mac OS

Во апликацијата, изберете Печати од менито Датотека.Изберете го печатачот (факсот) како поставување за Печатач, а потоа изберете Fax Settings или Recipient Settings од скок-менито.