Водич за почетниот екран

Прикажани се иконите коишто го покажуваат статусот на мрежата.

Покажува дека безжичната (Wi-Fi) мрежа е оневозможена или дека печатачот процесира безжична мрежна врска.

Покажува проблем со безжичната (Wi-Fi) мрежна врска на печатачот или дека печатачот бара безжична (Wi-Fi) мрежна врска.

Покажува дека печатачот е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа.

Бројот на ленти ја покажува јачината на сигналот на врската. Колку повеќе ленти има, толку е посилна врската.

Покажува дека Wi-Fi Direct (Simple AP) е активирано.

Покажува дека Wi-Fi Direct (Simple AP) е деактивирано.

Кога се прикажани и , може да листата надесно или налево со притискање на копчето или копчето .

Иконите и имињата на функциите се прикажани како икони на менија.

Изберете икона со притискање на копчињата , а потоа притиснете го копчето OK за да го отворите менито.

Скенирај

Ви овозможува да скенирате документ или фотографија.

Копирај

Ви овозможува да копирате документ.

Wi-Fi поставување

Ви овозможува да го поставите печатачот за да се користи на безжична мрежа. Ова е кратенка за следново мени.

Поставки > сите Wi-Fi/ пост. за мрежа > Wi-Fi поставување

Факс

Ви овозможува да испраќате факсови.

Тивок режим

Ја прикажува поставката за Тивок режим со којашто може да ја намалите бучавата што ја прави печатачот. Меѓутоа, ако го овозможите ова, може да се намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот.

Ова е кратенка за следново мени.

Поставки > Постав. на печатачот > Тивок режим

Поставки

Ви овозможува да одредувате поставки за одржување, поставки за печатачот и мрежни поставки.

Одржување

Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење. Ова е кратенка за следново мени.

Поставки > Одржување

Прикажани се достапните копчиња. Во овој пример, може да го отворите избраното мени ако го притиснете копчето OK.