Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
FAX Utility е апликација која ви овозможува да конфигурирате различни поставки за испраќање факсови од компјутер.Можете да ја создадете или уредите листата на контакти кога испраќате факс, да конфигурирате да се зачувуваат примените факсови во ПДФ-формат на компјутерот итн.Погледнете во помошта на апликацијата за детали.
Оперативните системи Windows Server не се поддржани.
Уверете се дека сте го инсталирале двигателот за печатачот пред да ја инсталирате FAX Utility.
Windows 10
Кликнете на копчето за стартување, па изберете Epson Software > FAX Utility.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7/Windows Vista/Windows XP
Кликнете на копчето за стартување и изберете Сите програми (или Програми) > Epson Software > FAX Utility.
Изберете Системски параметри од менито
> Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати по факс), па изберете го печатачот (ФАКС).Кликнете Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја Алатката за печатење.