Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Изберете ги големината и видот на хартијата што сте ги ставиле во изворот на хартија.
Изберете Вклучено за да внесете хартија од изворот на хартија поставен на големина со формат A4 кога нема извор на хартија поставен на формат Писмо (Letter) или внесете ја од изворот на хартија поставен на формат Писмо кога нема извор на хартија поставен на формат A4.
Приспособете ја јачината на звукот.
Без звук
Изберете Вклучено за да ги исклучите сите звуци.
Нормален режим
Изберете ја јачината на звукот, на пр. за Притискање копче.
Тивок режим
Изберете ја јачината на звукот, на пр. за Притискање копче во Тивок режим.
Вашиот производ може да ја нема оваа функција во зависност од местото на купување.
Изберете Вклучено за да ја намалите бучавата за време на печатење, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење.Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Поставки за искл., во зависност од местото на продажба.
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот кога не го користите за одреден временски период. Можете да го прилагодите времето пред да се примени управувањето со енергија. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Размислувајте еколошки пред да извршите каква било промена.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Тајмер за исклучување, во зависност од местото на продажба.
Исклучи напојување ако е неактивно
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот ако не го користите за одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Размислувајте еколошки пред да извршите каква било промена.
Искл. напој. ако е исклуч. од приклучок
Изберете ја оваа поставка за печатачот да се исклучи по 30 минути откако сите порти (вклучително и портата LINE) ќе бидат исклучени. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.
Датум/Време
Внесете ги тековните датум и време.
Лет. смет. на вр.
Изберете ја поставката за летно сметање на времето што важи за вашето подрачје.
Временска разлика
Внесете ја временската разлика помеѓу вашето локално време и UTC (Координирано универзално време).
Изберете ја земјата или регионот во коишто го користите печатачот. Ако ја промените земјата или регионот, вашите поставки за факс се враќаат на нивните стандардни вредности и мора повторно да ги изберете.
Приспособете го временскиот период за да влезете во режимот за спиење (режим за зачувување на енергија) кога печатачот не извршува никакви задачи. LCD екранот ќе потемни кога ќе измине одреденото време.
Изберете дејство да го извршите кога ќе се појави грешка при двострано печатење или грешка поради полна меморија.
Вклучено
Се прикажува предупредување и печати едностран режим кога ќе дојде до грешка при двострано печатење или печати само она што може да го обработи печатачот кога ќе дојде до грешка за полна меморија.
Исклучено
Се прикажува порака за грешка и се откажува печатењето.