/ Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали / Предупредувања за користење на кутијата за одржување

Предупредувања за користење на кутијата за одржување

Прочитајте ги следниве упатства пред да ја замените кутијата за одржување.

  • Не допирајте ги деловите прикажани на илустрацијата. Така може да се спречи нормалната работа и може да се замачкате со мастило.

  • Не испуштајте ја кутијата за одржување и не нанесувајте и силни удари.

  • Не заменувајте ја кутијата за одржување во текот на печатењето; во спротивно може да протече мастило.

  • Не вадете ги кутијата за одржување и капакот освен кога ја заменувате кутијата за одржување; инаку може да протече мастило.

  • Кога капакот не може повторно да се постави, кутијата за одржување можеби не е правилно поставена. Извадете ја кутијата за одржување и повторно инсталирајте ја.

  • Не навалувајте ја искористената кутија за одржување додека не се стави и запечати во пластичната ќеса; во спротивно може да протече мастило.

  • Не допирајте ги отворите во кутијата за одржување затоа што може да се замачката со мастило.

  • Не користете ја повторно кутијата за одржување што била извадена и оставена подолг период. Мастилото во кутијата се стврднало и не може да се апсорбира повеќе мастило.

  • Чувајте ја кутијата за одржување настрана од директна сончева светлина.

  • Не чувајте ја кутијата за одржување на високи или екстремно ниски температури.