Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени:
Поставки > Поставки на факс > Безбедност
|
Ставка |
Опис |
|---|---|
|
Забрани за дир. бирање |
Ако изберете Вклучено, се оневозможува рачното внесување на броеви на факс на примачите и му се овозможува на операторот да избере примачи само од списокот со контакти или од историјата на испраќање. Ако изберете Внеси два пати, од операторот се бара повторно да го внесе бројот на факс кога бројот бил внесен рачно. Ако изберете Исклучено, се овозможува рачно внесување на броевите на факс на примачите. |
|
Пот. листа на адр. |
Ако изберете Вклучено, се прикажува екран за потврда на примачот пред да започне преносот. |
|
Авто. бришење на рез. податоци |
Ако изберете Вклучено, автоматски се бришат резервните копии кога испраќањето или примањето документ ќе заврши успешно и кога резервните копии ќе станат непотребни. Ако изберете Исклучено, за да се подготви за неочекуван прекин на струја поради електричен дефект или некакво неправилно работење, печатачот привремено складира резервни копии од испратените и примените документи во својата меморија. |
|
Избриши резервни податоци |
Ги брише сите резервни копии привремено складирани во меморијата на печатачот. Направете го ова пред да му го дадете печатачот на некој друг или пред да го фрлате. |