/ Решавање проблеми / Не може да правите мрежни поставки / Не може да се поврзам на уреди и кога мрежните поставки не се проблем

Не може да се поврзам на уреди и кога мрежните поставки не се проблем

Ако не може да се поврзете од компјутер или паметен уред на печатач и кога извештајот за мрежно поврзување на прикажува проблеми, погледнете го следново.

  • Кога истовремено користите неколку безжични пренасочувачи, можеби нема да може да го користите печатачот преку компјутерот или преку паметниот уред, во зависност од поставките на безжичните пренасочувачи. Поврзете ги компјутерот или паметниот уред на истиот безжичен пренасочувач како и печатачот.

    Оневозможете ја функцијата за врзување на паметниот уред ако е овозможена.

  • Можеби нема да може да се поврзете на безжичниот пренасочувач кога безжичниот пренасочувач има повеќе SSID и уредите се поврзани на различни SSID на истиот безжичен пренасочувач. Поврзете ги компјутерот или паметниот уред на истата SSID како и печатачот.

  • Безжичниот пренасочувач којшто е во согласност со IEEE 802.11a и IEEE 802.11g има SSID од 2,4 GHz и 5 GHz. Ако ги поврзете компјутерот или паметниот уред на 5 GHz SSID, не може да се поврзете со печатачот затоа што печатачот поддржува комуникација само над 2,4 GHz. Поврзете ги компјутерот или паметниот уред на истата SSID како и печатачот.

  • Повеќето безжични пренасочувачи имаат функција за одделување за приватност којашто ја блокира комуникацијата меѓу поврзаните уреди. Ако не може да се воспостави комуникација меѓу печатачот и компјутерот или паметниот уред дури и кога се поврзани на истата мрежа, оневозможете ја функцијата за одделување за приватност на безжичниот пренасочувач. За детали, погледнете во прирачникот испорачан со безжичниот пренасочувач.