Печатење извештај за мрежна врска

Може да отпечатите извештај за мрежна врска за да го проверите статусот меѓу печатачот и безжичниот насочувач.

  1. Ставете хартија.

  2. Изберете Поставки на почетниот екран, па притиснете го копчето OK.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Изберете Мрежни поставки > Проверка на врската.

    Започнува проверката на конекција.

  4. Притиснете на копчето за да го отпечатите извештајот за мрежна конекција.

    Ако настанала грешка, проверете го извештајот за мрежна конекција и следете ги отпечатените решенија.