Не може да се испраќаат факсови

  • Поставете ги информациите за заглавието за излезните факсови на контролната табла. Некои факс-апарати автоматски ги одбиваат дојдовните факсови кои што немаат информации за заглавието.

  • Ако сте ја блокирале идентификацијата за повикувачот, одблокирајте ја. Некои телефони или факс-апарати автоматски ги отфрлаат анонимните повици.

  • Прашајте го примачот дали е правилен бројот на факсот и дали факс-апаратот е подготвен да прими факс-порака.