/ Поставки за факс / Подготвување на печатачот да испраќа и прима факсови (со користење Волш. за пос. факс)

Подготвување на печатачот да испраќа и прима факсови (со користење Волш. за пос. факс)

Волш. за пос. факс ги конфигурира основните функции за факс, за да го подготви печатачот за испраќање и примање факсови.

Волшебникот автоматски се прикажува кога печатачот ќе се вклучи за првпат. Волшебникот може да го активирате и рачно, преку контролната табла на печатачот. Треба повторно да го активирате волшебникот ако бил прескокнат кога печатачот бил вклучен првпат или кога средината за поврзување се сменила.

  • Ставките подолу се она што може да го поставите преку волшебникот.

    • Заглавие (Ваш телефонски број и Заглавие на факс)

    • Режим за прием (авто. или Рачно)

  • Ставките подолу се поставуваат автоматски според средината за поврзување.

    • Режим на бирање (како што се Тон или Пулсно)

    • Тип линија (PSTN или PBX)

    • Откр. тон за бирање

    • Поставка на DRD

  • Другите ставки во Осн поставки остануваат какви што се.

Активирајте Волш. за пос. факс за да одредите Осн поставки, следејќи ги инструкциите на екранот.

  1. Уверете се дека печатачот е поврзан со телефонската линија.

    Белешка:

    Бидејќи автоматската проверка на врската за факс се врши на крајот на волшебникот, печатачот мора да биде поврзан со телефонската линија пред да го активирате волшебникот.

  2. Изберете Поставки на почетниот екран на контролната табла на печатачот.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Изберете Поставки на факс > Волш. за пос. факс.

  4. Проверете ја пораката на прикажаниот екран, а потоа изберете Продолжи.

    Ќе започне волшебникот.

  5. Во екранот за внесување заглавје во факсот, внесете го името на испраќачот, на пр. името на вашата компанија, а потоа изберете OK.

    Белешка:

    Името на испраќачот и бројот на факсот се појавуваат како заглавие на излезните факсови.

  6. Во екранот за внесување телефонски број, внесете го вашиот број на факс, а потоа изберете Продолжи

  7. Во екранот Поставка на DRD одредете ги следниве поставки.

    • Доколку сте се претплатиле за услуга со повеќе линии со различни звуци на ѕвонење во вашата телефонска компанија: изберете Поставки и изберете го моделот на ѕвонење којшто ќе го користите за дојдовни факсови.
      - Ако изберете Сè, одете на чекор 8.
      - Ако изберете некоја друга поставка, Режим за прием автоматски се поставува на авто.. Одете на чекор 10.
    • Ако не треба да ја поставите оваа опција: изберете Прескокни и одете на чекор 8.
    Белешка:
    • Услугите за различни звуци на повеќе телефонски линии, коишто ги нудат многу телефонски компании (името на услугата се разликува според компанијата), ви овозможуваат да имате неколку телефонски броеви на една телефонска линија. Секој број си има сопствен назначен звук на ѕвонење. Може да користите еден број за гласовни повици, а друг број за факсови. Изберете начин на ѕвонење назначен за факсови во DRD.

    • Во зависност од регионот, Вклучено и Исклучено се прикажуваат како опции за DRD. Изберете Вклучено за да ја користите опцијата за различни звуци.

  8. На екранот Пос. на Реж. за пр. изберете дали користите телефон поврзан со печатачот.

    • Кога сте поврзани: изберете Да и одете на следниот чекор.
    • Кога не сте поврзани: изберете Не и одете на чекор 10. Режим за прием е поставено на авто..
  9. На екранот Пос. на Реж. за пр. изберете дали сакате да примате факсови автоматски.

    • За да примате автоматски: изберете Да. Режим за прием е поставено на авто..
    • За да примате рачно: изберете Не. Режим за прием е поставено на Рачно.
  10. Проверете ги поставките што сте ги одредиле на прикажаниот екран за потврда, а потоа изберете Продол..

    За да коригирате или промените поставки, притиснете го копчето .

  11. На екранот Провери факс врска, изберете Започни проверка за да се изврши проверка на врската за факс, а кога екранот ќе побара да ги отпечатите резултатите од проверката, изберете Печати.

    Ќе се отпечати извештај за резултатите од проверката каде што се покажува статусот на врската.

    Белешка:
    • Ако има некакви грешки, следете ги инструкциите во извештајот за да ги отстраните грешките.

    • Ако се прикаже екранот Избери тип на линија, изберете го типот на линијата.

      - Кога го поврзувате печатачот со телефонски систем PBX или адаптер со приклучоци, изберете PBX.

      - Кога го поврзувате печатачот со стандардна телефонска линија, изберете PSTN. Кога на екранот ќе се прикаже порака да ја оневозможите функцијата за откривање тонско бирање, притиснете го копчето OK. Меѓутоа, оневозможувањето на функцијата за откривање тонско бирање може да предизвика печатачот да ја прескокне првата цифра од бројот за факс кога бира и да го испрати факсот на погрешен број.